Бизнис
18. July 2017 - 19:38

Катар Ервејс четири пати неделно ќе лета на релација Скопје - Доха

Македонските граѓани четири пати во неделата ќе летаат  од Скопје за Доха. Со вчерашниот лет од таму до  аеродроморт Александар Велики и официјално беше пуштена  новата конекција.

Преку оваа  линија  Македонија ќе се поврзе со нови 150 дестинации, а на макеоднските граќани ќе им се олесни и патувањето до Австралија и Нов Зеланд каде живетаат над 200 илјади македонски државјани.

- Македонија ќе се поврзе со Мелбурн, Перт, Сингапур, Мумбај, Хонг Конг. Во Катар работата 2000 македонци од кои над 100 се вработени во Катар Ервејс, рече  главниот директор на Катар Ервејс Ехаб Амин.

Новиот лет  ќе ја унапреди соработката меѓу Македонија и Катар во областа на економијата туризмот, инвестициите.

Значително ќе  помогне  за зголемувањето на бројот на патници и порастот  во авиосообраќајот.

- Се надевам дека Македонија со сите свои убавини ќе биде интересна дестинација  за катарците и за бизнисмените од таму, рече Алпер Ер Тунга Ерсон- генерален директор на ТАВ Македонија.

Во првите шест месеци од годинава на двата аеродрома во земјава  минале над 860 илјади патници или 6 процнти повеќе од  истиот период лани.