Каталонските сепаратисти бараат референдум за „Устав на Каталонија“
Водечките каталонски сепаратистички партии побраа одржување нов реферемдум во овој шпански регион, на кој граѓаните би се изјасниле за „идниот Устав на Република Каталонија“.
Ваквото барање е содржано во договорт што го постигнаа блокот Заедно за Каталонија на поранешниот претседател на каталонската регионална Влада, Карлес Пуџдемон и Републиканската левица на Каталонија (ЕРЦ). Се очекува кон договорот да се приклучи и третата сепаратистичка партија застапена во каталонскиот регионален Парламент, Кандидатира за народно единство (ЦУП).
Со документот се предвидува по утврдувањето на текстот на „Уставот на Република Катаконија“, граѓаните за документот да се изјаснат на референдум.
Аналитичарите проценуваат дека и овој референдум ќе ја доживее судбината на ланскиот плебисцит за независност на Каталонија, кој шпанскиот Уставен суд го прогласи за противуставен.
По ланскиот референдум, каталонските сепаратисти во октомври прогласија „независна Република Каталонија“, по што Владата во Мадрид воведе директна управа над регионот и ја суспендира каталонската автономија.
Со договорот на катлонските сепаратисти, кои имаат мнозинство во Парламентот во Барселона, се предвидува и прогласување на „слободна територија во странство“ во Брисел, каде би се формирала Влада во егзил предводена од Пуџдемон.
Целта на овој потег е „интернационализација на каузата за каталонската независност и напредок во напорите за создавање на Република Каталонија“ во координација со легитмно избраните власти во Барселона, се наведува во документот.
По суспензијата на каталонската автономија, Пуџдемон со дел од министрите во неговата Влада, побегна во Белгија, каде што се уште се наоѓа.
За в понеделник е закажана седница на каталонскиот Парламент, на кој треба да биде избран новиот претседател на регопналната Влада на Каталонија. Единстевн кандидат за ова финкција е Жорди Санчес, кој се наоѓа во притвор поради неговата улога во прогласувањето на каталонската независност, па малку е веројатно дека шпанските власти ќе го ослободат за да може да ја преземе должноста
Ново на Сител
-
Притвор за две лица од Струга за опожарување возило на охриѓанец
-
Пленковиќ: Претседателските избори во Хрватска ќе се одржат на 29 декември
-
Илир Мета останува во затворски притвор, најави жалба до Врховниот суд
-
Осумдневен притвор за 32-годишен скопјанец поради „тешка кражба на дрзок начин“
-
Се срамев од својот глас и не сакав да станам пејач | Александар Тарабунов | ПРОфесија | Sitel Podcast 071
-
Борељ и Муцунски потпишаа Партнерство за безбедност и одбрана
-
Амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2025 продолжува утре
-
Откриено оружје и војнички опрема во северно Косово, се претпоставува дека се поврзани со нападот во Бањска