Каталонци чекаат во редови пред судовите за да признаат вина за референдумот
Стотици лица стојат во редови пред судовите во Каталонија за доброволно да признаат „вина“ за организирање и учествување во референдумот за независност во 2017 година, што е дел од новата протестна кампања со која заговорниците на независноста настојуваат да предизвикаат колапс на судовите во таа шпанска покраина.
Граѓанската организација Омниум Културал, чиј лидер Хорди Квиксарт е осуден на 9 години затвор, ги повика демонстрантите да почнат да пријавуваат „вина“, каде пред судовите им делат формулари. Граѓаните со поплнети формулари мирно стојат во редови за да ги предадат во судовите во поголемите градови во Каталонија.
– Ако да се протестира, да се изразува и да се гласа е кривично дело, тогаш сите ние сме виновни. Ова е чекор на солидарност и достоинство – посочува Омниум Културал.
Организацијата во петокот на својата интернет страница ги постави формуларите, а досега ги симнале околу 10.000 лица.
Високиот суд за правда во Каталонија го ограничи примањето пријави „за вина“ на 25 дневно, со цел судовите да не бидат блокирани од преголемиот број пријави.
– Редовите се непрегледни – изјави Марсел Мури, потпретседател на Омниум Културал. – Граѓаните постојано доаѓаат за да се пријават за виновници – дополни тој.
На забранетиот референдум за независност на Каталонија во 2017 година гласаа 2,2 милиони жители.
Ново на Сител
-
Приведен кумановец за поседување дрога, при претресот на домот констатирале и дека краде струја
-
Преброени 31,07 отсто од гласовите на албанските избирачи, во убедливо водство партијата на Рама
-
Реални се шансите за раст меѓу 3,5 и 4 отсто во првиот квартал, смета Мицкоски
-
Лишен од слобода тетовец затоа што управувал возило со 2,16 промили алкохол во крвта
-
Мицкоски: ЕУ останува наша цел, но треба да научите да победувате во Вашингтон, Брисел, Берлин, Париз
-
Водата во Скопје безбедна за пиење
-
Mинатата недела отстранети 104 непрописно паркирани возила во општина Центар
-
Индија и Пакистан најавија директни преговори