Кастро: Нормални односи со САД се можни ако се прекине ембаргото
Претседателот на Куба Раул Кастро изјави во ОН дека нормални односи на земјата со САД би можеле да бидат воспоставени само доколку Вашингтон го оконча трговското ембарго кон неговата земја, да ја врати воената база Гвантанамо и да ја прекине антикомунистичката пропаганда кон Куба.
Како што најави Белата куќа, Кастро и американскиот претседател Барак Обама денеска би требало да се сретнат на маргините на Генералното собрание на ОН. Тоа ќе биде нивна втора средба, по историскиот состанок одржан во Панама во април.
- Со обновените дипломатски односи, нормални односи меѓу двете земји „можат да бидат постигнати со окончување на економскaтa, комерцијалнaтa и финансиската блокада против Куба, враќање на илегално окупираната воена база Гвантанамо на наша територија, прекин на радио и тв емисиите и субверзивни и дестабилизациски програми против островот и кога нашиот народ добива компензација за човечката и економска штета на кои се изложени, рече Кастро во своето прво обраќање во ОН.
Ново на Сител
-
ОБСЕ/ОДИХР ќе ги соопшти првичните оценки за изборите
-
30 години Тинекс
-
Силјановска Давкова победи во 60 општини, Пендаровски во 3, Османи во 15, Таравари и Димитриевски во по една
-
Силјановска Давкова и Пендаровски во вториот круг претседателски избори
-
Првични резултати на ДИК
-
Норвешка донира 76 возила на македонската Армијата
-
Димитриевски победи во Куманово, Таравари во Гостивар, а Јакимовски загуби во Карпош
-
Пасоши на воено способните Украинци ќе се издаваат само во земјата