Касами: Фокусирани сме на вториот круг од локалните избори, Владата има легитимитет до крај на мандатот
Кандидатот за градоначалник на општина Тетово и претседател на Движењето Беса Билал Касами изјави дека се фокусира повеќе на локалните избори наместо на калкулациите за промените во Владата. Тој очекува дека локалните избори можно е да се одразат на понатамошните политики.
-Ние сме фокусирани на вториот круг локални избори. Во тој дел веќе имаме објавено соработка со Алијанса за Албанците дека ќе ги поддржиме нивните кандидати во сите општини каде што тие одат во втор круг, како и дека тие ќе ги поддржат нашите кандидати во Тетово и Желино. Затоа ние во моментов не сакаме да имаме други комбинации за да се фокусираме и тоа да влијае на резултатот од локалните избори. За нас во овој момент најважно е да бидеме на чело на Тетово и на општина Желино, изјави Касами.
Според него, Владата има легитимитет до крајот на мандатот. -Легитимитетот на оваа влада е од 2020, од парламентарните избори и јас лично ценам дека тоа треба да биде до крај на мандатот, за се друго, јас исто сум рекол дека по изборите ќе има рефлектирање кај самите партии согласно резултатот од локалните избори. Секое форматирање на Владата нема да биде само од локален интерес. Македонија има стратешки партнери како што се Вашинггтон и Брисел. Тоа мора да биде во блиска соработка со овие центри, истакна Касами.
Одговарајќи на новинарско прашање дали очекува поддршка од партијата Алтернатива, Касами рече дека очекува поддршка од сите граѓани, без разлика на партиска и етничка припадност.
Ново на Сител
-
Уапсен врховниот судија Наке Георгиев фатен на дело со 10,000 евра мито
-
Приведен судија од Врховен суд за примање поткуп
-
Тема на денот со Срѓан Керим
-
Преговорите за Влада во напредна фаза, ВМРО-ДПМНЕ инсистира на квалитетни кадри од албанскиот партнер
-
Во среда прегласување на седум избирачки места, од полноќ изборен молк
-
Предупредувања од Европската Комисија за Преспанскиот договор
-
Владата не дава 100 евра по жител, пораките се лажни!
-
Смртни закани и за градоначалникот на Кавадарци