Свет
15. December 2016 - 22:47

Картер и Фалон убедени дека САД ќе ја задржат водечката улога во антиџихадистичката коалиција

Американскиот секретар за одбрана Ештон Картер и британскиот колега Мајкл Фалон денеска изразија увереност дека администрацијата на Доналд Трамп ќе ја зачува водечката улога на САД во меѓународната воена коалиција против Исламска држава.

- Убеден сум во иднината на коалициската кампања, истакна Картер на прес-конференцвија во Лондон, каде се одржува средба на министрите за одбрана на 15 земји-членки на антиџихадистичката коалиција.

Фалон наведе дека не се сомнева дека идната американска администрација ќе ја преземе традиционалната улога на светски лидер.

- Не гледаме иднина за претседателот Башар ал Асад во Сирија. Иако тој слави победа над оппозицијата во Алепо, не е победа да бомбардираш болници и да ограничуваш хуманитарна помош. Продолжуваме да се стремиме кон политички договор во Сирија, посочи Фалон.