Картер и Фалон убедени дека САД ќе ја задржат водечката улога во антиџихадистичката коалиција
Американскиот секретар за одбрана Ештон Картер и британскиот колега Мајкл Фалон денеска изразија увереност дека администрацијата на Доналд Трамп ќе ја зачува водечката улога на САД во меѓународната воена коалиција против Исламска држава.
- Убеден сум во иднината на коалициската кампања, истакна Картер на прес-конференцвија во Лондон, каде се одржува средба на министрите за одбрана на 15 земји-членки на антиџихадистичката коалиција.
Фалон наведе дека не се сомнева дека идната американска администрација ќе ја преземе традиционалната улога на светски лидер.
- Не гледаме иднина за претседателот Башар ал Асад во Сирија. Иако тој слави победа над оппозицијата во Алепо, не е победа да бомбардираш болници и да ограничуваш хуманитарна помош. Продолжуваме да се стремиме кон политички договор во Сирија, посочи Фалон.
Ново на Сител
-
Американките се први финалистки на СП во ватерполо
-
Ракометарките со пораз од Турција го започнаа настапот на МИ
-
Џудистот Шерифовски експресно го заврши настапот на Медитеранските игри во Алжир
-
Пристигна модификуван француски предлог – владата најавува широк консултативен процес
-
Пендаровски: Модификуваниот француски предлог е далеку подобар за нас
-
Анализа: Како течеше процесот за подигнување на бугарското вето
-
Мицкоски се сомнева на тајни разговори во Софија за македонските идентитет и јазик
-
Интерпелација за Џафери