Свет
9. April 2016 - 9:15

Картер: Американски ракетен систем ќе биде лоциран во Јужна Кореја

Планираното распоредување на американскиот систем за ракетна одбрана во Јужна Кореја ќе се случи и покрај спротиставувањето на Кина, изјави синоќа американскиот секретар за одбрана Ештон Картер.

Вашингтон и Сеул минатиот месец почнаа разговори за распоредување на системот познат како ТХААД, чија цел е борба против заканата од севернокорејските ракети.

Картер зборуваше за американската одбранбена политика во азиско-пацифичкото подрачје пред неговата посета на Индија и на Филипини.

Тој посочи дека распоредувањето на системот ТХААД е неопходно и дека тоа е дел од заштитата на американските сили на Корејскиот Полуостров како и за заштита на Јужна Кореја и оти системот не е поврзан со Кина.

Русија и Кина се против системот ТХААД на територија на Јужна Кореја. Пекинг изрази загриженост дека со ТХААД американскиот радар ќе може да допре до киенска територија.