Џет-Сет
3. August 2022 - 10:15

Каролина Гочева позитивна на Ковид-19

Каролина Гочева е позитивна на коронавирус.

Пејачката се огласи на социјалните мрежи каде истакна дека се тестирала бидејќи не се чувствувала добро.

-Многу се радував на нашата средба во Охрид и многу сакав да ја повториме онаа магична вечер од Скопје, но… од синоќа не се чувствувам добро, денес се тестирав и имам корона. За жал, мораме да го откажеме концертот планиран за четврток во Охрид. Се гледаме во следна прилика, а на Охрид ќе му се оддолжам со концерт наесен, напиша Каролина.