Карлеуша си го „доби" од Елена Велевска - нема да и текне повторно да навреди Македонец
Себе си се нарече мега ѕвезда и мега ниво, но од она што го чув од неа на Ѕвезде Гранда, можам да кажам дека е МЕГА ДНО. Не доликува на професионалец како што се претставува, да се однесува така непрофесионално и да го навредува македонскиот изведувач и македонската музика. Песната „Дојди ми Лено на перниче бело“ е евергрин кој се пее со години, една од најубавите македонски песни. Карлеуша може да сонува за таков хит, таа е навикната на крадење мелодии. И штом вели дека ги почитува македонските пејачи и смета дека сме најмузикални, тогаш ја повикувам кај мене и моите колеги на часови по пеење. Еве за неа ќе биде бесплатно.
Ова е коментарот на Елена Велеска, познатата македонска пејачка, за Карлеуша која во саботата навреди Македонец кој ја пееше песната „Дојди ми Лено на перниче бело“. Таа го нарече „ГОЛЕМО НИШТО" и додаде дека бил досаден и едвај го слушала. Потоа настана караница во Гранд, во која Шабан, Саша Поповиќ и Босанац ја убедуваа дека не се разбира од музика и дека Македонецот отпеал прва класа.
Елена за постот доби безброј лајкови и голема поддршка.
Ново на Сител
-
Пожар во Илинден, затворен автопатот
-
Тема на денот со Изет Меџити
-
Пожар во Илинден, затворен автопатот
-
Детската болница Козле остана без вода
-
Недостигот на вода во делови од Скопје главна тема на седницата на советот
-
Одложено рочиштето за Штекли, бил неконтактибилен и дезориентиран
-
Осомничената очна докторка од Битола барала 100 евра за да направи операција на перде на пациентка од Ресен
-
Мицкоски: Нема потреба од лидерска средба