Карл Ерјавец: Мојата оставка е се уште во игра
Словенечкиот министер за надворешни работи Карл Ерјавец синоќа изјави дека се уште е во игра неговата оставка поради скандалот со арбитражата со Хрватска околу граничната линија во Пиранскиот Залив, кој, како што рече, сериозно ја загрозил позицијата на Словенија.
- Сите опции се отворени и (словенечкиот) премиер Миро Церар ќе реши дали јас треба да преземам одговорност, по што ќе знам што да направам, изјави Ерјавец за државната Телевизија Словенија.
Како што јави ХИНА, Ерјавец изјави дека не верува оти тој би требало да сноси одговорност за објавените транскрипти од разговорите меѓу поранешниот словенечки претставник во Арбитражната комиција; Јеренеј Секолец и претставничката на Министерството за надворешни работи на Словенија, Симона Дреник, од кои се дозна дека Љубљана вршела притисок за решение во нејзина полза.
- Снимањето (на разговорот) било нелегално и затоа е невозможно да се потврди или негира неговата содржина, додаде Ерјавец, апелирајќи до Хрватска да не се повлекува од арбитражниот процес
Ново на Сител
-
Репортажа за Македонската Дијаспора во Пиемонте - Италија
-
Партиите не прекинуваат со обвинувања - кој е виновен за кризата и голготата на онколошките пациенти
-
Камбовски: Собранието не може да разреши член на Судски совет
-
Поради маглата откажани летови на Скопскиот аеродром
-
И КСОМ ќе бара минималецот да порасне повеќе од законски предвидените 1.800 денари
-
Синдикално заробеништво
-
СДСМ против најавите на Касами за менување на имињата на улиците и бришење на НОБ
-
Сточна храна по повисока цена - Чија е вината?