Кошарка
13. November 2021 - 10:20

Кари е првиот тројкаш во НБА лигата

Кошаркарите на Голден Стејт Вориорс повторно „жарат и палат“ во НБА лигата. Еден од најдобрите шутери на сите времиња – Стеф Кари уфрли 40 поени против Чикаго Булс за победа на „воините“ пд 119-93.
 
Кари со овој меч стана играч со најмногу уфрлени тројки досега во НБА – 3.359 или една тројка повеќе од екс-асот на Милвоки, Бостин и Мајами – Реј Ален.
 
Од останатите ночешни мечеви за издвојување е триумфот на Далас Маверикс во дербито на Тексас против Сан Антонио Спарс – 123-109.
 
Спарси видоа демонстрација на европска моќ во Лука Дончиќ. Словенецот командуваше со нов трипл-дабл, со 32 поени, 15 асистенции и 12 скока.
 
Во Лос Анџелес се случи мрак за еден од претендентите за титулата. Лејкерси на свој терен убедливо беа поразени од Минесота со 83-107. Без Леброн Џејмс „езерџиите“ беа немоќни за отпор против „волците“. Во Минесота прва виолина беше Карл Ентони Таунс со 29 поени, а кај Лејкерси само Дејвис со 22 и Вестбрук со 20 поени беа на висина на задачата.
 
По 10 меча Лејкерси имаат скор 6-4.
 
Ова се резултатите од останатите мечеви кои се одиграа ноќеска:
 
Шарлот – Њујорк 104-96
Бостон – Милвоки 122-113
Кливленд – Детроит 98-78
Хјустон – Портланд 92-104
Мемфис – Феникс 94-119
Њу Орлеанс – Бруклин 112-120
Оклахома – Сакраменто 105-103
Денвер – Атланта 105-96