Карбинци и Чешиново-Облешево се поврзуваат со локален пат
Во општина Карбинци од денеска почна изградбата на локалниот пат од селото Аргулица до селото Борилчево во општина Чешиново-Облешево. Патот во должина од три и пол километри, како што вели градоначалникот на општина Карбинци Зоран Минов, го градат екипите на ЈП „Македонија пат“.
- Благодарение на Владата на Република Македонија и на Агенцијата за државни патишта од денеска почнуваме да го градиме овој пат и да го асфалтираме. Вредноста на овој пат е 16 милиони денари и во најбрз можен рок ќе биде изграден. Овој патен правец е од големо значење за нашата општина, затоа што луѓето што гравитираат кон општините Чешиново-Облешево и Кочани скратуваат повеќе од 25 километри, изјави Минов.
Нагласи дека изградбата на патот од селото Аргулица до селото Борилчево е еден од приоритетните проекти на општината, а неговата изградба ја бараа жителите и фирмите, кои имаат производствени капацитети и оранжерии во општината. Овој патен правец ќе им овозможи на земјоделците побрзо и побезбедно да пристигнуваат до своите ниви, а исто така ќе се користи и како алтернативна делница доколку е запрен сообраќајот на магистралниот пат Штип-Кочани.
Ново на Сител
-
Лапорта убедлив: Араухо се предомисли и останува во Барселона
-
Салах се поблиску до Саудиска Арабија
-
Снегот го зголеми нивото на реките
-
Заврши новогодишната кошничка
-
УЈП: Даночно намалување кај данокот на личен доход и данокот на добивка
-
Кузмановски: Бодот освоен со Унгарија го посветуваме на Јовиќ
-
Трудо: Ништо не е исклучено кога станува збор за одговор на предложените царини на Трамп
-
Вчеравечер сообраќајка во Центарот на Скопје, три лица се повредени