Македонија
13. September 2024 - 12:31

Карбинци ги решава комуналните проблеми со донации

Општина Карбинци го реши проблемот со собирањето на смет во подплачковичките села, каде досега тоа  не беше пракса и каде се создаваа диви депонии.  По пат на донации и кофинансирање  обезбедено е ново комунално возило кое во наредниот период ќе биде ставено во функција.

  •  Услугите ќе успееме да ги зголемиме, а тоа значи дека во следна фаза ќе бидат опфатени подплачковичките села, со тоа што претходно немаше можност да бидат опфатени во собираањето и депонирањето на комуналениот отпад“, изјави Виктор Паунов, градоначалник на Карбинци.

Вредноста на возилото е 4,9 милиони денари, 30% од средствата ги обезбеди општината, а останатите се финансирани од УНДП и Амбасадата на Швајцарија во Македонија.

  • Ние сметаме дека демократијата започнува од локално ниво, каде граѓаните работат и соработуваат со локалните власти. Токму тоа е тоа што овој прооект го постигнува, односно интересите на граѓаните се земаат во предвид  при донесуваањето на одуките “, изјави Вероник Хулман, Амбасадорка на Швајцарија во Македонија.

Набавката на возилото е дел од проектот „Зајакнување на општинските совети“.