Балкан
14. August 2015 - 13:22

Карамбол кај Ужице, четворица повредени

Четири лица се повредени при судар на три патнички возила на делницата од патот од Пожега кон Ужице. Делот од патот каде се случи несреќата моментално е блокиран, јави известувачот на српски Курир.

Итната помош е на самото место и ги згрижува повредените, а полицискиот увид е во тек.

Од силинат ана ударот едно возило заврши во заштитната ограда, додека материјалната штета на двата автомобили е речиси тотална.

Третото возило марка „цитроен“ помина со помало оштетување.Д

Делот од патот на кој се случи несреќата е моментално блокиран, па треба да се користат алтернативните патишта.