Македонија
1. February 2020 - 16:53

Каракачанов: На Гоце Делчев не му требал бугарски пасош за да учи во Софија

Пред полната мала сала на Центарот за култура во Битола, бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана Каракачанов промовираше три книги од кои едната за „Тодор Александров“. Запрашан за македонско-бугарската комисија која се уште нема договор за Гоце Делчев, тој рече дека споровите побрзо ќе се решат ако се чита историјата.

- За мене спорот е политички,  тој не е научен спор. Историјата е јасна по тој однос, кој чита – разбира. Ги гледаш документите, ги читаш и треба да се замислиш. Но, да кажеш дека Гоце Делчев се декларирал како Бугарин, зашто сакал бугарски пасош, таква глупост нема. На никој во тоа време не му требало пасош во Бугарија да дојде да учи на Универзитет или училиште. Оце Делчев дошол од Кукуш и учел во бугарското воено училиште. Нема потреба од спор, има потреба од читање и културен дијалог, а не политички расправии. Политичарите можат да се караат уште 200 години, од тоа никој не добива, напротив, губат граѓаните на Македонија. Според е глупав затоа што, земетеја Австраија и Германија, има ли спор меѓу Виена и Берлин на каков јазик зборуваат? Нема. А тоа и пречи ли на Австрија, кога зборуваат германски, да бидат суверена држава? Не и пречи, истакна Красимир Каракачанов, вицепремиер и МО на Бугарија.

Македонско-бугарската комисија за историски прашања моментално паузира заради изборите во Македонија. Запрашан како понатаму ќе се развиваат работите Каракачанов рече:

- Тоа не зависи ни од Каркачанов ни од некој друг, зависи од политичарите во Скопје. Какви ќе избере народот, такви ќе го управуваат, ако се умни и далековидни ќе има решение, ако тргнат како слушам против НАТО, ЕУ, ако тргнат да  го делат населението, а не да го обединуваат нема иднина. Зависи од македонските политичари, ако сакаат помош ќе добијат, ако не сакаат како што велат нашите сограѓани Турци и тука во Битола, со сила убавина не бидува, рече Каракачанов.

Додека Каракачанов даваше изјава за медиумите, имаше реакции од битолската јавност.

Каракачанов ги промовираше книгите на покана на културниот центар „Иван Михајлов“ од Битола.