Каракачанов: Ако Комисијата нема рок, ќе нема рок и патот на Северна Македонија кон ЕУ
Доколку Комисијата за историски и образовни прашања нема рок, тогаш ќе нема рок и патот на Северна Македонија кон Европската унија. Неприфатливо е некој да мисли дека тие едноставно ќе ја искористат Бугарија само за влез во Европската Унија, вели бугарскиот вицепремиер и лидер на ВМРО-БНД Красимир Каракачанов, коментирајќи го неодамнешното интервју на претседателот Стево Пендаровски, пренесува БГНЕС.
– Македонскиот претседател Стево Пандаровски си дозволи да посочи дека меѓудржавниот Комитет за историски и образовни работи не мора да има краен рок за својата работа. Јас пак велам дека на 17 октомври Бугарија не треба да брза да даде зелено светло за почеток на преговори за членство на Македонија се додека не бидат расчистени сите фалсификати на историјата, наведува Каракачанов.
Според него, изјавата на Пендаровски е во спротивност на духот за добрососедство и како што вели на бугарската „цврста позиција“ дека мора да се забрза напредокот во разговорите за заедничка историја и нивна примена во образовниот систем на соседната држава.
Претседателот Пендаровски, неодамна во интервју за 360 степени рече дека Комисијата составена од историчари нема прогрес во својата работа изминативе месеци, заради тоа што бугарската страна инсистира на политички, а не на историски пристап.
– Јас на последната средба со бугарскиот премиер Борисов овде во Скопје, каде зачудувачки беше и претседателот на бугарскиот дел од комисијата, јасно му кажав дека комисијата не може да има краен рок. И најдобрите историчари на свет да ги земете, не може во две недели или за два месеца да решите два века. Се надевам дека ќе надвладее разумот и нема да има политички притисоци кои неспорно доаѓаат од Софија врз работата на таа комисија, рече Пендаровски
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација