Loading Video...
Кошарка
14. February 2020 - 16:03

Капитенот Војдан Стојановски верува а дека можеме до победа против Естонците

Македонските кошаркари вчера ги започнаа подготовките за евро-квалификациите . Капитенот Војдан Стојановски верува дека новиот циклус можеме да го започнеме со победа. 
 
Прв противник на нашите кошаркари во квалификациите за Европското првенство 2021 година, ќе биде селекцијата на Естонија, која ни е стар должник. 
 
Имено, Естонците ни нанесоа двата порази во последните меѓусебни средби и тоа во 2017-тата во предквалификациите за Светското првенство во Кина по што бевме елиминирани од понатамошното натпреварување.
 
Капитенот Војдан Стојановски верува дека можеме со победа да го започнеме новиот цуклус, но најважно од се е до натпреварот со Естонија сите 15-мина играчи кои се најдоа на списокот на селекторот Алаксандар Тодоров да бидат здрави 
 
 
„Мислам дека имаме доволно време да се спремиме за Естонија, ќе имаме контролен натпревар. Натпреварот со нив е многу важен за нас и добро е да ги почнеме квалификациите со победа. Но, мислам дека е најважно сите да останеме здрави за дуелот“, истакнува Војдан.
 
Дуелот против  Естонците македонските кошаркари ќе го играат во арената „Борис Трајковски“во Скопје на 20 февруари, а три дена подоцна (23. Февруари) и тоа во далечниот Прем (термин 16 часот) и гостуваат на Русија. 
 
Во нашата квалификациска група е и еден од домаќините на Евробаскетот догодина Италија