-->
-->
Капацитетот на модуларната болница во Охрид зголемен на 55 легла
-->
Во Општата болница во Охрид пристигнаа уште девет контејнери, со што капацитетот на модуларната болница отворена за КОВИД-пациенти ќе има зголемен капацитет на 55 легла.
Според диркеторот на Општата болница Горан Балевски, моментно има слободни кревети во модуларната болница.
– Имаме лекари, интернисти, пулмолог и инфектолог кои знаат да проценат кога некој е за хоспитализација а кога не е, вели Балевски, изразувајќи надеж дека вирусот кој се прошири како светска пандемија што поскоро ќе го снема, а модуларна болница која се поставува за лекување на пациенти со КОВИД-19 ќе прерасне во поинаков тип болничка установа.
Според податоците на Министерството за здравство, во КОВИД-центарот во Охрид има 60 пациенти.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација