Македонија
28. September 2021 - 16:40

Кандидатите за Скопје ветуваат бесплатен градски превоз

Актуелниот градоначалник од редот на СДСМ, Петре Шилегов, кој од граѓаните ја бара довербата за втор мандат, презентираше пакет социјални поволности за граѓаните. Шилегов ветува бесплатен јавен превоз за пензионерите, за лицата со ретки болести и нивната придружба, како и за постдипломците и докторандите.

И независната кандидатка Данела Арсовска, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, ја презентираше својата програма составена од 15 + 1 проект. Арсовска ветува решавање на сообраќајниот хаос, а со тоа и подобрување на амбиенталниот воздух. Најави нови автобуски линии и постојки, а автобусите ќе возат на помали временски интервали.

Останатите кандидати за градоначалници и советници, кои се во трката за менаџирање на главниот град, денеска немаа најавени предизборни активности.