-->
-->
Кандидат на Трамп за висока функција се повлече поради поврзаност со руската вмешаност во изборите
-->
Кандидат на американскиот претседател Доналд Трамп за висока функција во Министерството за земјоделство на САД се повлече, откако неговото име се појави во истрагата за руската вмешаност во претседателските избори во 2016 година.
Сем Кловис, кого Трамп го номинираше за раководител на научниот оддел во Министерството за земјоделство, беше цел на критики откако се откри дека „го охрабрил“ советникот за надворешна политика Џорџ Пападопулос да се поврзе со Руси, додека работел во изборниот штаб на Трамп.
Белата куќа соопшти дека ја прифаќа одлуката на Кловис да се повлече.
Кловис беше критикуван за таа номинација и поради тоа што нема доволно научна работа.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Почина момчето кое беше киднапирано и принудено да се самозапали
-
Нови признанија на вина во случајот „Синџир“
-
Одбраната на Мерко - застареност на кривичното гонење
-
Фрчкоски сам ќе се повлече од амбасадорската функција, со документи ги негира обвинувањата од МНР
-
И Грците не планираат, но не исклучуваат средба Мицотакис - Мицкоски на НАТО самитот во Вашингтон
-
Струмичанецот каснат од пајак “Црна вдовица” закрепнува на Токсикологија
-
Кумановец едвај се спаси, со часови тонел во жива кал крај Пчиња
-
За некористените и скапи акцелератори, Таравари ќе побара помош и од обвинителство