Канада планира да прими околу еден милион мигранти до 2020 година
Либералните власти во Канада не се откажуваат од плановите да примат околу еден милион мигранти од 2018 до 2020 година.
Деталите околу иницијатива на Владата на премиерот Џастин Трудо ќе бидат претставени денеска од страна на министерот за финансии Бил Морно, кој што ќе го претстави проектот за федералниот буџет за периодот 2018- 2019.
За реализација на тригодишниот миграциски план ќе бидат потребни околу 440 милиони канадски долари (347 милиони американски долари).
Кандскиот министер за имиграција, бегалци и државјанство Ахмед Хусеин изјави дека неговото Министерство подготвило миграциски план. Во документот се посочува дека квотата во 2017 година за 300.000 мигранти ќе биде зголемена во 2018 година на 310.000, во 2019 година на 330.000, а во 2020 година на 340.000 лица.
Според него, канадската економија има потреба од речиси милион имигранти, бидејќи до 2035 година пет милиони Канаѓани ќе се пензионираат.
Консултативниот совет за економски раст му препорача на Трудо да го зголеми бројот на мигранти на 350.000 во 2018 година, а од 2020 година да почне да прима по 450.000 луѓе.
Во периодот 2011-2015 година, миграциската квота на Канада беше 260.000 мигранти. Традиционално во државата пристигнуваат бегалци од Блискиот Исток, Азија, Африка и Источна Европа, вклучувајќи ги Русија, Украина и Белорусија.
Ново на Сител
-
Бангладеш: Во удари од гром загинаа 74 луѓе за 38 дена
-
Рама в недела ќе одржи собир во Атина
-
Протести во Малме против учеството на израелскиот претставник на Евровизија
-
Турција ја одложи забраната за трговија со Израел
-
Гостиварчанец измамен за 1.500 евра - сторителот е приведен
-
Скопјанка прскала со вода по луѓе кои правеле врева - ја нападнале со лименки
-
СЗО: Преминот Рафа блокиран, нема гориво и медицински материјали
-
Аглер со честитка до Силјановска Давкова: Историски избор на прва жена претседател на Северна Македонија