Канада наскоро ќе ги отвори границите за странски посетители
Канада може да ги отвори границите за сите вакцинирани посетители од почетокот на септември и најверојатно ќе може да прима вакцинирани граѓани на САД од средината на август.
Ова го соопштија од кабинетот на премиерот Џастин Трудо.
Канада ги затвори копнените граници со САД лани во март, кога започна пандемијата на коронавирус. Оттогаш границите беа затворени за странски посетители, за да се спречи епидемија.
Но, со зголемениот број вакцинации и запирање на ширењето на болеста, тие мерки можат да бидат повлечени во неделите што следуваат.
– Премиерот истакна дека ако продолжи тековниот поволен тек на стапката на вакцинација и јавно здравје, Канада ќе биде во можност да ги прима целосно вакцинираните патници од сите земји на почетокот на септември, изјавија од неговиот кабинет.
Трудо истакна дека „може да се очекува да се дозволи влез за целосно вакцинираните американски граѓани и лица со легален престој во САД до средината на август“.
Во Канада живеат 37 милиони луѓе, досега се регистрирани 1.4 милиони случаи на инфицирани од Ковид-19, додека од почетокот на пандемијата од коронавирус починале повеќе од 26.000 лица.
Ново на Сител
-
Заврши општата расправа за законот со кој учениците од верските училишта ќе можат да полагаат државна матура и да се запишат на кој било факултет
-
Мицкоски: Пензиите ќе пораснат за нови 2.000 денари
-
Муцунски: Инвестиции, инфраструктура, подобар живот – надворешна политика што носи резултати
-
Социолошки поглед за модерен Центар | Горан Герасимовски | Неформално | Sitel Podcast 105
-
Владата со препорака за работодавачите во врска со топлотниот бран
-
САД по третпат го напуштаат УНЕСКО
-
Три лица се хоспитализирани - изгаснат пожарот што избувна во Кочани | ВИДЕО
-
Кремљ: Не очекуваме напредок во мировните преговори со Украина