Канада ја продолжи забраната за влегување во земјата до крајот на јули
Канадската Влада до крајот на јули ја продолжи забраната за влегување во земјата за повеќето странци, како дел од напорите да се забави ширењето на коронавирусот.
Ограничувањето, што важи за сите, освен за канадските државјани и постојани жители, како и за државјаните на САД кои доаѓаат во Канада од животно важни причини, требаше да заврши синоќа, но е продолжено.
Портпаролката на канадската гранична агенција изјави дека се затворени сите влезови во земјата, од сите гранични премини.
Влез во земјата, меѓутоа, е дозволен за оние кои имаат блиски членови на семејството кои се државјани на Канада или имаат постојан престој во Канада, како и членови на екипажите на авионите.
Границата меѓу Канада и САД, исто така, е затворена, освен за работниците чии работни места се од големо значење, а тоа беше одобрено со посебна владина одлука што важи до 21 јули.
Ново на Сител
-
Приведен малолетник од Скопје, со употреба на сила одзел пари од едно лице
-
Има одредени зголемувања на цените во малопродажба, во големопродажба цените се вратени како пред одлуката, вели директорот на ДПИ
-
Лос Анџелес се раздели со Оливие Жиру
-
Димитриеска-Кочоска: Проектот за пругата од Коридорот 10 е комплексен, до 7 јули банките треба да ги достават понудите
-
Приведен 41-годишен велешанец, при претрес на неговиот дом пронајдена е дрога
-
Умеров: Украина може да произведува четири милиони дронови годишно
-
Приведени тројца возачи, управувале со возило под дејство на алкохол
-
Од понеделник потопло со пораст на дневните температури