-->
-->
Канада бара 48.000 шофери, плата до 64.000 евра
-->
Здружението на возачи на камиони во Канада објави дека на транспортниот сектор му недостасуваат 48.000 возачи низ целата земја, а потребата за нив треба да се исполни до 2024 година.
Платата за возачи се зголемува од ден на ден, но не го решава проблемот. Возачите на камиони кои штотуку почнуваат да ја вршат оваа работа годишно заработуваат околу 80.000 канадски долари (околу 51.457 евра). Во некои делови од земјата оваа сума изнесува и 100.000 канадски долари (околу 64.361 евра) годишно.
Властите на Њу Бруншик, започнаа програма за дозволување на имигранти кои ќе работат како возачи на камиони.
Така, во периодот од 2015 до 2017 година, 390 возачи на камиони дошле да работат од странски земји. Пилот-проектот вклучува возачи од Велика Британија, Бугарија, Полска, Украина и Јужноафриканската Република.
Но, со ова си направиле уште поголем проблем, бидејќи возачите, откако добиле дозвола за престој, отишле да работат во Онтарио или на запад.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Уапсен поранешен помошник министер, поранешен декан и професор на Геодетскиот факултет во Хрватска
-
Палевски тврди дека власта го држи во Турција поради изборите
-
Белградски енергетски форум на 13 и 14 мај во Белград
-
Изречени 130 санкции за брзо возење на територија на државата
-
157 санкционирани возачи под дејство на алкохол
-
Фон дер Лајен најави една милијарда евра помош од ЕУ за Либан
-
Поранешниот лидер на Златна зора, осуден за водење криминална организација, ќе биде пуштен од затвор
-
Курти: Ги исполнивме сите барања на ЕУ за укинување на рестриктивните мерки