Кампањата на пластична хирургија даде резултат - за празниците нема повредени од петарди
За време на новогодишните и божиќните празници на Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија во Скопје не бил примен ниту еден пациент со повреда од петарди и пиротехнички средства.
– Се надеваме дека овој тренд ќе го зачуваме и понатаму и во наредните години, информираат од Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија.
Во предновогодишниот период, од 19 до 29 декември 2022 година, Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија и Eвропската медицинска студентска асоцијација (ЕМСА – Македонија) спроведоа кампања „Петардите ги уништуваат празниците“.
Посочуваат дека кампањата беше со едукативен карактер за последиците од примената на петарди и пиротехнички средства и беше наменета за средношколците од прва година на територијата на нашата држава. Во текот на овој период во училиштата се оддржаа предавања и интерактивна дискусија за сериозните повреди што може да настанат од нивната употреба. За нејзина реализација беа вклучени 65 лекари – специјалисти по пластична и реконструктивна хирургија, специјализанти по пластична и реконструктивна хирургија, лекари од градовите на нашата држава, студенти од петта и шеста година од
општа медицина од Медицински факултет – Скопје, членови на ЕМСА и ЕМСА алумни.
Со едукативните предавањата, како што се наведува, беа опфатени 10.011 ученици, 67 училишта и 28 градови во земјава. Предавањата се одржаа на македонски, албански, англиски и турски јазик.
Ново на Сител
-
Автобус падна во длабока провалија во Пакистан, најмалку 20 загинати и 21 повреден
-
СПМ: Гласањето на 8 мај е пресудно за иднината на државата
-
Приведени двајца дилери од Кичево
-
Приведена 50-годишна жена за кражба во продавница во Гостивар
-
Вархеји му честиташе на Вучевиќ: Се радувам на соработката за пристапување на Србија во ЕУ
-
Белград: Годишнина од масовното убиство во „Рибникар“ | ВИДЕО
-
Подољак: Да се усвои единствена одлука за враќање на воено способни мажи во Украина
-
Реакција на осигурителните компании на одлуката да се врати старата цена за авто одговорноста