Македонија
12. April 2017 - 8:42

Кампања за поголема безбедност на младите во сообраќајот

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата денеска на плоштадот „Пела“ во Скопје организира јавен настан за претстојната кампања за подобрување на безбедноста на младите во сообраќајот.

На настанот ќе се обратат претседателот на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата Стојче Стаменковски и државниот секретар во Министерството за внатрешни работи Сања Димитриевска.