-->
-->
Камионот со дезодоранси изгоре на автопат
-->
Силна експлозија одекна попладнево на автопатот Белград-Загреб, кај месноста Пеќинац, по што запре сообраќајот и се создаде километарска колона, јавија српските медиуми.
Според неофицијални информации, се запалил камион кој превезувал дезодоранси, а се движел по коловозната лента во правец на Белград.
За сега не се знае што го предизвикало запалувањето на камионот. Сроските медиуми јавуваат дека возачот не е повреден и успеал да го напушти камионот пред огнот сосема да го уништи.
Двете ленти на автопатот, по час и половина прекин, повторно се пуштени во двата правци и километарската колона почна полека да се движи.
Според зборовите на очевидци, по почетната силна експлозија, се слушнале уште неколку послаби.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Акција: МВР врши претрес во зградата на МВР
-
Приведен екс директорот на СОЗР - се вршат претреси во неговиот дом
-
МЗ: На Клиниката за ортопедија кај 12-годишно дете извршена трансплантација со коска од донор
-
Рубио го поддржува планот на Трамп САД да ја преземат контролата над Газа
-
Вучевиќ: Мојата оставка е „незапирлив процес“
-
„Ајфон 15“ најпродаван телефон за 2024 година
-
Приведен 58-годишник од Делчево за предизвикување пожар
-
„Гугл“ веќе не забранува користење ВИ за развој на оружје