Камерон: Велика Британија треба да остане колку што може поблиска со ЕУ
Британскиот премиер во заминување Дејвид Камерон изјави денеска во своето последно обраќање пред парламентот дека Велика Британија по Брегзитот „треба да се обиде да остане колку што може поблиска со ЕУ“.
Пред напуштањето на досегашната функција тој и порача на неговата наследничка Тереза Меј дека би требало да ја позиционира Велика Британија колку што може поблиску до Унијата, бидејќи британската трговија, безбедност и соработка ќе имаат најголема корист од блиските односи со Унијата, јави Танјуг.
На крајот британскиот премиер истакна дека Владата на Велика Британија напорно работи на тоа да им обезбеди на граѓаните на ЕУ да можат да останат во земјата по референдумот, но додаде дека тоа ќе зависи од реципрочните права на Британците во Европа.
Камерон денеска попладне ќе ја напушти функцијата премиер на Велика Британија.
Одлуката за неговата оставка беше донесена откако жителите на Велика Британија не ја поддржаа желбата на Камерон за останок во ЕУ и на референдумот на 23 јуни изгласаа Брегзит.
Ново на Сител
-
Муцунски: Владините политики за извоз даваат резултати, раст од 23,44 проценти во мај
-
На преминот Ќафасан уапсен жител на Кичево баран со меѓународна потерница
-
Промоција на противпожарни возила во Криволак
-
Активни три пожари во реони на општините Прилеп, Македонски Брод и Чашка
-
Малолетниците во просек до пет часа дневно на интернет
-
Во поплавите во Тексас загинаа над 50 луѓе
-
На ГП „Богородица“ се чека од 30 до 40 минути
-
Маск формира нова политичка партија во САД