Каменуван воз во Скопје, едно лице повредено
Прилепчанецот Н.Г.(1991) синоќа околу 22:00 часот е повреден откако возот, кој сообраќај кон Скопје, бил каменуван од непознато лице.
Како што информираат од МВР, синоќа во 22:00 часот по тргнување на возот од железничка станица Лисиче во правец на железничка станица Скопје, поточно на влезот на железничка станица Скопје, во непосредна близина на зградите на ул.„Михаил Чаков“, од паркот пред зградите, од страна на непознато лице е извршено каменување на патничкиот воз бр.644, кој сообраќа на релација Битола-Скопје со моторна гарнитура број В 716-107 сопственост на Македонски Железници.
Од каменувањето, како што стои во соопштението од МВР, е скршено едно неподвижно стакло од наведената гарнитура, при што е повреден патникот Н.Г.(1991) од Прилеп, кој со возило на итна медицинска помош е пренесен во Ургентен центар „Мајка Тереза“.
Ново на Сител
-
За 15 проценти помалку ученици и студенти сместени во домовите и интернатите
-
ЦУК: Четири активни пожари, изгаснати 27
-
Во Прилеп е отворен 21. „Пивофест“
-
Трамп изјави дека нова група заложници во Газа ќе биде ослободена
-
Мадуеке официјално од Челзи во Арсенал
-
АЕК објави тендер за доделување радиофрекфенции за мобилна телефонија преку јавно наддавање
-
Повторно одложено враќањето на Барселона на „Камп Ноу“
-
Сончево и топло, со температури до 37 степени