Македонија
28. September 2018 - 14:33

Каменуван воз на релација Велес-Скопје, нема повредени

Непознати лица вчера изутрина каменувале воз којшто сообраќал на релација Велес - Скопје. Повредени нема.

Како што соопшти МВР, инцидентот се случил во 07:05 часот при влез во Железничка станица Скопје, при што било скршено едно прозорско стакло. 

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.