Македонија
8. March 2021 - 17:54

Каменуван воз кој се сообраќал на релација Табановце-Скопје, повредени патници нема

На 08.03.2021 во 05.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека едно лице го каменувало патничкиот воз кој сообраќал на релација Табановце-Скопје. Повредени патници нема, а по каменувањето возот продолжил до Железничка станица Куманово. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.