Македонија
11. January 2020 - 17:21

Каменуван патнички воз на релација Скопје

Непознато лице вчера попладне каменувало патнички воз што сообраќал на релација Скопје – Велес. Причинета е материјална штета, скршено е прозорско стакло, а повредени лица нема.

Како што соопшти МВР, инцидентот се случил вчера околу 13 часот во Скопје, меѓу железничка станица „Лисиче“ и железничка станица „Скопје“ во населбата 11-ти Октомври, наспроти депото на Македонски железници