Калеска Ванчева: Деновиве почнува исплатата на финансиска поддршка за февруари и март
Собранието вчера ги донесе измените и дополнувањата на законите со кои ќе се реализираат мерките од петтиот пакет. Овие денови почнува исплатата на финансиската поддршка за исплата на плати за месеците февруари и март, каде се опфаќаат 60.000 работни места, истакна денеска пратеничка и координаторка на Форумот на жени на СДСМ, Снежана Калеска Ванчева.
Таа денеска на прес-конференција посочи дека компаниите од најпогодените сектори на располагање ќе имаат 615 милиони денари кредити со нула отсто каматна стапка.
Како што додаде Калеска Ванчева, обезбедена е и поддршка за самостојните вршители на дејност и за регистрираните занаетчии. Според неа, оваа помош граѓаните ја чекаа со месеци заради деструктивната опозиција во Собранието која правеше сè за овие закони да не се донесат.
– Парламентарното мнозинство вчера реши да стави крај на уцените од парламентарната опозиција, обезбедивме кворум и потребно мнозинство, Собранието беше функционално и ефикасно. Вчера победија интересите и потребите на граѓаните, на оние граѓани чии претставници сме, оние граѓани кои нè плаќаат преку Буџетот. Вчера повторно беше поразено деструктивното, ненародно дејствување на опозицијата, посочи Калеска Ванчева.
Според пратеничката, пропаднале сите обиди Собранието да биде нефункционално и закочено.
– Но, денеска повторно сме сведоци на деструктивно, ненародно однесување на ВМРО-ДПМНЕ. Денеска, на само еден час пред одржувањето Тимчо Муцунски ја откажа седницата на Комисијата за финансирање и буџет. На оваа седница на дневен ред беше уште еден закон од интерес на работниците, закон поврзан со надминување на последиците од коронакризата, односно Законот за данок на добивка, додаде Калеска Ванчева,
Таа потенцира дека со предлог измените се предвидува олеснување на начинот за покривање на загуби на товар на идните добивки, се зголемува износот за регрес кој не се даночи со што се создаваат можности за исплата на повисок износ на регрес за годишен одмор за работниците.
Ново на Сител
-
Притвор за две лица од Струга за опожарување возило на охриѓанец
-
Пленковиќ: Претседателските избори во Хрватска ќе се одржат на 29 декември
-
Илир Мета останува во затворски притвор, најави жалба до Врховниот суд
-
Осумдневен притвор за 32-годишен скопјанец поради „тешка кражба на дрзок начин“
-
Се срамев од својот глас и не сакав да станам пејач | Александар Тарабунов | ПРОфесија | Sitel Podcast 071
-
Борељ и Муцунски потпишаа Партнерство за безбедност и одбрана
-
Амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2025 продолжува утре
-
Откриено оружје и војнички опрема во северно Косово, се претпоставува дека се поврзани со нападот во Бањска