Бизнис
22. March 2022 - 19:40

Какви контроли се прават во големите ланци супермаркети?

УЈП во контрола во над 80 продавници од големиот ланец на маркети КАМ. Во текот на денот тие беа затворени за купувачите, а на излозите стоеше натпис дека се врши попис.

Инспекторите вршеа проверки дали се почитуваат измените во ДДВ-то за основните прехрамбени производи кое од пред извесно време е 0, се утврдуваат залихите во магацините, трошоците, приходите. Поради ваквите контроли,  УЈП ги пломбираше продваниците на КАМ, за да не дојде до промена на состојбата кај трговецот.

Се огласија и од КАМ. Од ланецот маркети соопштија дека станува збор за редовни контроли и дека  објектите биле зтаворени за да се обезбедат услови за работа на инспекторите. Најавија дека во текот на денот се очекува маркетите да продлжат со редовното работење.

Од Упрвата продолжуваат со контролите. Ќе се прават проверки секаде каде има потреба од тоа. На располагање се ставени сите капацитетите на УЈП.

Пред неколку дена УЈП казни и 114 трговски објекти  кај кои беше констатирано дека не ги прилагодиле своите фискални каси на даночните измени, и основните производи наместо без ги продавале со ДДВ од 5 проценти.