Македонија
7. December 2022 - 16:36

Каков ветинг подготвува Владата и што ќе донесе тимот за санкции од Вашингтон?

По најавите дека истражувачки тим од САД ќе лови корумпирани функционери, министерот за внатрешни работи ги става на располагање службите со кои раководи.

Политичките партии декларативно изразија поддршка. Изнесоа свои ставови и предлози за нови законски решенија. Од ДУИ велат подготвени се да го поднесат предлог законот за ветинг.

Од ЛДП велат нема да дозволат неказнивост на поединци, политички и економски недопирливи моќници. Од партијата порачаа секоја одговорност мора да има име и презиме. Алтернатива со конкретен предлог, за спречување на застареност на кривично гонење на злоупотреби причинети од избрани и именувани лица на сите нивоа на власт.  Опозициската ВМРО ДПМНЕ обвини  дека пет години власта користи празни флоскули за борба против корупцијата. Според партијата, со СДСМ и ДУИ невозможна е сериозна борба против корупцијата. Владејачката СДСМ велат со отворени раце ја прифаќаат секоја помош во борбата против корупцијата.

Американскиот тим е веќе во Скопје и ќе  лоцира коруптивни политичари. Американската амбасадорка порача додека не се спроведат реформите во правосудството , не може да се очекува враќање на довербата во институциите. Бројните инвестиции во судството да донесат резултати, поголем број на истраги,  пресуди, санкции за оние кои го прекршиле законот.