Живот
2. February 2016 - 18:23

Каков брак ве очекува според месецот на венчавката

Се разбира, тешко дека некој би се одлучил да се зарече на вечна верност, ако не е целосно сигурен во чувствата. Треба да знаете дека, сепак, постојат различни фактори кои влијаат на „квалитетот” на семејниот живот.

Еден од нив несомнено е месецот во кој сте се потпишале. Со векови наваму постојат преданија поврзани со предзнакот кој го носи секој месец од годината. Затоа, пред да се упатите кон закажување на венчавката, ви нудиме да се запознаете подобро со суеверието.

Јануари

Многу млади луѓе сакаат да го избегнуваат овој студен месец, но тоа е залудно. Освен временските услови, бракот склучен во првиот месец од годината, ветува дека ќе биде долготраен и мирен.

Февруари

Браковите склучени во вториот месец се изложени на искушенија, особено во првите години. Меѓутоа, ако успеете да ги преминете како сложно семејство, брачниот живот ќе биде безгрешен, макар и скромен.

Март

Во овој месец принципиелно не се склучуваат бракови, но денеска малкумина се согласуваат со забраните и суеверијата. Се смета дека токму како колебливото време во март, бракот ќе биде „плима и осека”.

Април

Семејниот живот на паровите венчани во април ќе биде исклучително шарен и интересен. Верувањето вели дека младото семејство ќе е во „тон” со симболите на пролетта, кога почнува нов живот. Љубовта им ќе биде силна и долготрајна, ако веднаш започнат „на чисто” – во свој дом, далеку од родителите.

Мај

Постојат и позитивни и негативни верувања за овој месец. Една од поговорка вели „Кој се жени во мај, цел живот ќе се двоуми”. Неодлучноста како лош знак, сепак, се натпреварува со сончевите и плодни денови кои ги носи месецот.

Јуни

Јуни несомнено е идеален месец за брак. Медениот месец ќе трае цел живот, ако младоженците внимаваат на своите чувства и не остават тие да им се замаглат во секојдневицата.

Јули

Може да звучи чудно, но летните бракови прилично слични. Главната кај нив е дека сопружниците веднаш треба да разјаснат своите приоритети – семејството, слобода, кариера или лично благосостојба.

Август

Меѓусебно разбирање и поддршка меѓу сопружниците од една страна, а од друга – пријателски односи меѓу децата и родителите. За сето ова треба да се заблагодарите на Богородица, која се смета за заштитник на августовските бракови.

Септември

Времето кога се собираат плодовите е најубавото време за склучување брак, според старите верувања. Вашето семејство ќе се радува на „добра жетва” и ќе жнее само успеси.

Октомври

Стабилност и сигурност од овој брак не очекувајте. Многу дилеми има во овие врски, тешкотии кои се решаваат со бескрајни семејни компромиси.

Ноември

Оние кои сакаат да се збогатат, треба да се земат токму во ноември. Но, настрана од финансиската страна на бракот, ве очекуваат и бурни страсти, меѓусебни обвинувања, разделби и собирања.

Декември

За време на божиќните пости некои вљубени претпочитаат да не склучуваат брак. Тоа е прашање на лична одлука и верба, но ако се заколнете на вечна љубов во последниот месец од годината, ќе издржите на секакви искушенија и ќе разменувате нежни чувства еден кон друг.