Живот
13. March 2018 - 11:56

Како најбрзо да се ослободите од 'рѓата и дамките на кадата

Многу домаќинки знаат што е ’рѓа и колку тешко таа се отстранува.

Потребно е веднаш да се превземат мерки за решавање на тој проблем, бидејќи колку се дамките постари, толку потешко се отстрануваат.

Наместо скапи и штетни хемикалии, можете да користите состојки кои ги поседува секоја домаќинка во својата кујна: тоа е винска киселина и сол.

Од овие состојки се приготвува раствор за отстранување на темни дамки и ’рѓа од емајлирана када:

- Во еден сад ставете 100 мл винска киселина и 2 супени лажици сол.

- Растворот се загрева во микробранова печка или на шпорет до температура од 60-70 степени.

- Со добриениот раствор се пребришуваат дамките на кадата со помош на мека ткаенина.

- Се остава да делува околу 15-20 минути.

- Потоа се испира со топла вода.

Процесот е многу ефикасен, ако го извршите на време. По потреба повторете неколку пати, едноподруго, а резултатот нема да изостане.

Ова е природен и безбеден начин за отстранување на ’рѓата и дамките од када.

Од хемиски средства може да користите и обична солна киселина.

Но, пред да ја нанесете на проблематичните делови, заштитете ги деловите кои содржат хром, со најлонска кеса.

Солната киселина се истура директно врз дамките и се остава еден час, па потоа тепелно се испира со поголемо количество вода.

Неопходно е да се запамти дека при чистењето, не смеете да користите остри сунгери и абразивни средства, бидејќи доаѓа до уништување на горниот, сјаен слој на кадата.