Македонија
20. September 2021 - 21:16

Како ќе гласаат лицата во изолација и хоспитализираните од Ковид-19 - ќе има ли и за нив отпечаток од прст?

Илјадници граѓани во изолација или хоспитализирани поради ковид нема да можат да гласаат на изборите во октомври. Тие кои 5 дена пред гласањето, односно од 11 до 16 октомври ќе добијат решение за изолација нема да можат да се пријават за гласање. Лицата во изолација, пак  кои ќе го остварат правото на глас истиот ќе го дадат во своите домови кај мобилните служби, исто како што е постапката за болните и иензмоштени кои гласаат ден пред изборите. Тие кои ќе го остварат тоа право, да гласаат во домашни услови нема да бидат идентификувани со уредите за отпечаток од прст. Без терминал за отпечаток на прст ќе гласат и затворениците, но и за старите и изнемоштени лица.

Но без разлика на кој начин ќе гласаат луѓето, позагрижувачки е фактот што дел од граѓаните нема да можат да го остварат своето уставно право на глас, велат експертите.

Според адвокатот и поранешен претседател на ДИК Александар Новаковски, законодавецот требал да биде посмел кога ги креирал законот, особено поради фактот што се уште сме среде пандемија.

На овој став е и активистот за човекови права Џабир Дерала.

Инаку одлуката одредени категории на граѓани да гласаат без употреба на фингерпринет беше донесена пред 5 дена, согласно последните измени на изборниот законик