Македонија
6. October 2021 - 21:26

Како да се задржи курсот на европскиот пат

Уште еден разочарувачки самит за земјите од Западен Балкан. ЕУ ги испорача старите фрази - за европските перспективи, реформите и демократијата, но со нова клаузула која ја наметна Франција дека проширувањето меѓу другото ќе зависи и од внатрешните реформи и капацитетот на  Унијата да прими нови членки. Словенечкиот предлог процесот на приклучување на  земјите од Западен Балкан да заврши до 2030 –та година не ни беше ставен на маса, повторно на инсистирање на Франција, Данска и Холандија, кои не сакаат да се обврзуваат со датуми. Аналитичарите велат дека е време за здрава внатрешна дебата во земјава за тоа што и како понатаму  во интегративниот процес, кој е во криза не само поради  негатривен  став кон проширувањето во  самата ЕУ, туку и поради блокадата на Бугарија.

Европските експерти предупредуваат дека ЕУ не смее да дозволи историските прашања и билатералните спорови да застанат на патот на интеграција на земјите од Западен Балкан, како во случајот со Бугарија и Македонија.

Според македонските експерти, самитот во Словенија покажа дека Македонија не треба да се брза во решавање на спорот со Бугарија бидејки тоа очигледно нема веднаш да ја отвори вратата на ЕУ.  

Ветувањата за полноправно членство на земјите на западен Балкан во ЕУ датираат уште од солунскиот самит во 2003 та година.