Македонија
12. March 2016 - 18:25

Кај Градско настрада само петгодишното девојче, таткото, дедото и бабата неповредени

Петгодишно девојче загина во сообраќајна несреќа која се случи попладне во 15 часот на патот Градско-Прилеп пред тунелите кај Дреновската клисура.

Јавното обвинителство на Република Македонија соопшти дека несреќата се случила кога автомобил Форд Фиеста со велешки регистарски таблички излетал од коловозот и се превртел. Во автомобилот, освен девојчето, патувале и нејзиниот татко, баба и дедо. Другите патници не се повредени.

- Се работи на утврдување на причините за сообраќајната несреќа. Надлежен јавен обвинител изврши увид на лице место, издаде наредба за обдукција на телото на починатото девојче, како и наредба за прибирање траги од лице место врз кои ќе се врши дополнително вештачење, соопшти ЈОРМ.