Кај автобуси и возила за јавен превоз откриени неисправни уреди за кочење и управување
Во акциска контрола спроведена вчера на подрачјето на Скопје на технички преглед испратени се 49 автобуси и возила што вршат јавен превоз.
Кај нив се констатирани 16 неправилности од кои кај осум возила бил неисправен уредот за кочење, кај два уредот за управување, а три имале неисправни светлосно-сигнални уреди. Едно возило имало неисправни останати уреди, а две возила немале комплетна опрема.
Од полицијата информираат дека се поднесени 12 барања за поведување прекршочна постапка, издадени се 18 прекршочни платни налози, а 14 возила се исклучени од сообраќај.
При акциската контрола, откриени се и два други прекршоци што ги сториле автобуси и други возила што вршат јавен превоз, како и 12 прекршоци кај останатите учесници во сообраќајот.
Акциската контрола била спроведена во периодот од 08 до 13 часот.
Ново на Сител
-
НБРМ со надолна корекција на растот на македонската економија
-
Петто 4х4 рели во Крушево
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Лилјана Поповска
-
Гордана Силјановска Давкова положи заклетва во Парламентот и ја презеде функцијата претседател
-
Гордана Силјановска Давкова положи заклетва во Парламентот и ја презеде функцијата претседател
-
Ни Северна, ниту Република: Силјановска се заколна во Македонија - стигнаа реакциите
-
Борисов: Мицкоски ми е добар пријател, го повикувам да престане да зборува, изборите поминаа