Македонија
30. January 2022 - 12:43

Каевски: Арсовска е најнеуспешниот градоначалник на Скопје

Изминаа првите 82 дена од мандатот на градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, а таа не реализираше ниту еден свој проект.

Ниверлирање на една шахта и поставување на мобилни тоалети е досегашниот учиниок на Арсовска.

Но затоа Арсовска овие 82 дена ги искористи да ја партизира градската администрација во вработување на 109 партиски кадри, а на директорски позиции во Јавните установи и претпријатија постави докажани партиски функциионери од ВМРО-ДПМНЕ.

Еден од нив е и Златко Перински, сегашен директор на Водовод и канализација кој претходно беше шеф на кабинетот на Христијан Мицкоски.

Арсовска не само што не воведе бесплатен јавен превоз, туку воведе нов билет од 120 денари во ЈСП, а претходно го прекина проектот Бас рапид транзит за кој беа обебзедени пари од Европската банка за обнова и развој.

Додека скопјани мака мачеа со кризата за топлинска енергија, Арсовска се прогласи за ненадлежна и ги игнорираше проблемите на граѓаните.

Партизација на Градот, прекинување проекти и изземање од одговорност за своите надлежности е се што Арсовска направи во овие неполни три месеци од мандатот.

Исто како и другите градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска работи на штета на интересите на градот и граѓаните.

По првите 82 дена од мандатот, секому му е јасно дека Арсовска е најнеуспешниот градоначалник на Скопје.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ, прес-конференција на Дарко Каевски, пратеник на СДСМ

Ново на Сител