Кадри Весели е новиот лидер на Демократската партија на Косово
Претседателот на косовскиот Парламент, Кадри Весели е нов лидер на владеачката Демократска партија на Косово,ДПК (PDK).
Со јавно гласање, 740-те делегати на седмата вонредна Конвенција на ДП едногласно му ја дадоа довербата на Весели да ја раководи партијата.
-Животот ме научил дека нема ништо посвето од довербата на човекот и благодарам за оваа доверба. Ви благодарам за довербата за која секогаш ќе ви бидам благодарен, изјави Весели пред делегатите заблагодарувајќи се на довербата.
Тој најави дека сите заедно ги чека уште многу работа за земјата и партијата.
-Заедно со Вас веднаш ќе почнеме со работа и онаму каде има застој ќе ги признаеме грешките и ќе работиме за подобри денови, за да обезбедиме подобра иднина на граѓаните, додаде Весели, гарантирајќи дека ќе продолжи сојузот со САД.
Специјална благодарност Весели упати до досегашниот лидер на партијата Хашим Тачи.
-Мојата прва и посебна благодарност е за човекот кој ја предводеше,изгради и формира ДП, претседателот на Република Косово, Хашим Тачи, рече Весели.
Седумнаесет години на чело на најголемата партија на Косово, се до 1 март годинава, беше Хашим Тачи, кој по изборот за претседател на Косово се повлече од функцијата претседател на партијата ,како и од функцијата потпретседател на косовската влада и шеф на дипломатијата.
Ново на Сител
-
ИСВ: Путин има ресурси да води војна уште 12 до 16 месеци
-
Посебен режим на сообраќај утре во Скопје
-
На БиХ поради Република Српска и се заканува финансиски крах
-
Кривична пријава за „непријавување кривично дело или сторител“
-
ДКСК утврди регулаторни ризици во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер
-
Курти поднесе оставка
-
Извештај на Омбудсманот за човековите права: Најмногу поплаки од проблемот со пасошите
-
ЦУК алармира за две отворени шахти во општина Аеродром