Македонија
6. February 2023 - 16:54

Каде точно удрија земјотресите?

Регионот кој што е погоден од земјотресот се наоѓа на брегот на средоземното море во азискиот континент. 

Погодена е територија која кога би нацртале еден голем правоаголник тој би имал страни од околу 400 на 250 километри што е некој простор од 80 до 90.000 километри квадратни во кој би можеле да се сместат 3,5 територии на Македонија. 

Епицентарот на најсилниот потрес е на околу 900 километри воздушна линија во југоисточен правец од Скопје и на околу 450 километри југоисточно од Анкара. 

Регистрирани се стотина потреси меѓу кои и два над 7,5 степени и уште два над 6 степени. 

Најсилниот од 7,8 километри го погоди местото Аталар кое е оддалечено само триесетина километри од центарот на големиот турски град Газијантеп во кој живеат околу 2 милиони луѓе само во градското јадро и дополнително уште милион и половина во непосредната околина. Токму од тука се и најголемиот број на жртви на труска територија. 

Во Сирија најпогоден е градот Алепо, густо населена област во која живеат над 2 милиони жители и која се наоѓа на околу 100 километри јужно од епицентарот на најголемиот потрес. 

Вториот разорен земјотрес кој беше регистриран половина час пред пладне по македонско време со епицентар 90 километри северно од првиот. Потресот од 7,5 степени е регистриран околу 9 часа по првиот потрес од 7,8 степени. Најсилно ја погоди областа Мараш. И оваа област е густо населена а само во градот Караманмараш живеат над 3 милиони луѓе. 

На оваа мапа може да се забележи дека сите потреси се движат во една линија која од морето се движи 270 километри североисточно до градот Малатја. По линијата има голем број на помали турски градови во кои живеат од 100 илјади до половина милион жители.