Кацарска на 19. Конгрес на Конференција на европски уставни судови во Молдавија
Претседателката на Уставниот суд на Република Северна Македонија, Добрила Кацарска, учествуваше на 19. Конгрес на Конференцијата на европските уставни судови (CECC) кој оваа година се одржа во Кишињев, Република Молдавија.
Во рамките на Конгресот, како што информираат од Уставен, се одржаа три пленарни сесии со фокус на односот помеѓу уставните и меѓународните судови, политиката и правото во корелација со надлежностите на уставните судови и примената на уставните принципи во вонредни ситуации кога се ограничуваат слободите и правата.
Претседателката Кацарска, имаше активно учество и на состанокот на претседателите на уставните судови - членки, каде, беа разгледани и беше одлучено за повеќе прашања од значење за функционирањето на оваа асоцијација.
Во текот на овој конгрес се одлучи Уставниот суд на Албанија да претседава со оваа асоцијација и да го организира следниот конгрес на Конференцијата на европските уставни судови, кој треба да се одржи за три години.
На Конгресот се обратија и претседателката на Република Молдавија, Маја Санду, претседателката на Европскиот суд за човекови права Сифора О'лири претседателката на Венцијанската комисија Клер Бази Малори.
На дводневниот 19 Конгрес на Конференцијата на европски уставни судови којшто се одржа од 22-23 мај 2024 година учествуваа членови и делегации од над 35 уставни судови.
Ново на Сител
-
Разрешен директорот на Агенцијата за разузнавање
-
Тема на денот со Јован Деспотовски, кандидат за претседател на СДСМ
-
Бајдевски засега останува во трката
-
Петровска се повлече од трката за претседател на СДСМ, обвинува за нефер изборен процес
-
Прва владина седница
-
Балансерот заминува во историјата, со ова се поткопува Охридскиот договор - Реагира ДУИ
-
По Главчев и Мицотакис се жалел во Брисел дека Македонија не ги исполнува обврските
-
Преполовен бројот на Македонци во Албанија, првпат потпишани и Бугари