Македонија
26. May 2021 - 16:47

Кацарска избрана за претседателка на Уставниот суд

Со 6 гласа ЗА избрана е Добрила Кацарска за нов претседател на Уставниот суд. Од вкупно 9 судии за неа гласале две третини. На функција стапува на 2 јуни кога завршува мандатот на досегашниот прв човек на уставен Сали Мурати.

За член на уставен е избрана на 26 ноември 2020година. Со највисокиот суд ќе раководи во следните три години. За ова место нема право на реизбор. Во изјава за Сител ветува транспарентно и посветено работење.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ го осудуваат изборот на Кацарска. Обвинуваат дека таа го кршела Уставот и не може да биде претседател на Уставен. Од партијата велат ова е награда за Кацарска бидејќи пресудила 20 години затвор за Уставобранителите.

Кацарска е најверниот извршител на Заев. Политичкиот наратив на СДСМ се преслика во нејзините пресуди. Од збор во збор Кацарска ги преточи тезите на Заев за политички прогон врз неистомисленици.

Кацарска станува судија во 1986 година неколку години по положениот правосуден испит. Таа била на функција претседател на Основен суд Скопје 1 Скопје а потоа ја прераспределиле во кривиниот оддел за организиран криминал и корупција. Кацарска до пред една година  работеше како судија во кривичен а јавноста ја знае по затворската пресудата за поранешниот премиер Никола Груевски за случајот со луксузниот мерцедес и по случајот со судењето за 27 април.

Инаку досегашниот претседател Сали Мурати и судиите Елена Гошева и Никола Ивановски заминуваат на истиот датум и со тоа завршува нивното 9 годишно работење во овој суд. Можно е ова лето судот да работи само со 6 уставни судии бидејќи Собранието се уште нема закажано седница за нови кандидати за овие места.