ЈЗУ Центар за јавно здравје Велес ќе добие дополнителни 500 комерцијални вакцини против грип
ЈЗУ Центар за јавно здравје Велес од Министерството за здравство добило одобрение за дополнителни 500 комерцијални вакцини против грип за четири општини од Повардарскиот регион, а вакцинирањето со нив ќе биде до крајот на неделава, информира за МИА директорот на здравствената установа Тони Димитриев.
– Ги очекуваме дополнителите вакцини и вакцинирањето по цена од 650 денари за вакцина треба да продолжи неделава во Велес, како и во Неготино, Кавадарци и Гевгелија, а кои се под ингеренции на нашиот центар кој е регионален, информира Димитриев.
Воедно појасни дека сеуште има поголем број бесплатни вакцини, а за нив вакцинирањето се врши на закажан „Мој термин“.
Процедурата за добивање бесплатна вакцина е старост над 65 години и пензија до 14.480 денари, а лицетој треба да приложи повеќе административни белешки, и да има и посета кај матичен лекар што го закажува „Мој термин“.
За бесплатните вакцини директорот Димитриев, од Министерството за здравство веќе бараше зголемување на опфатот на граѓани и од категоријата на инвалидизирани лица и други социјално ранливи групи,но сеуште нема добиено одговор.
Како што појаснуваат од Министерството за здравство годинава вакцините чинат 650 денари што е за 200 денари повеќе од лани затоа што според нив, годинашните вкцини се поефикасни и штитат од четири типа од вирусот на грип.
Досега во ЈЗУ Центар за јавно здравје во Велес се вакцинираа над 500 заинтересирани граѓани.
Годинава велешкиот ЈЗУ Центар за јавно здравје за целиот Повардарски регион минатиот понеделник од Министертвото доби 3.000 бесплатни вакцини и само илјада со плаќање.
Ново на Сител
-
Ѓоковиќ тврди дека бил отруен за време на притворањето во Австралија пред три години
-
Полицајци на Царина барале поткуп кој потоа го делеле меѓу себе - Обвинение за 16 лица во предметот „Премин“
-
Се изготвува ново законско решение за сообраќајните камери
-
Намалена видливост поради магла на патните правци Тетово - село Гајре и Кула - Катланово
-
Инспектор за недозволена трговија со дрога и оружје физички го нападнал началникот на ОВР Радовиш - следува пријава
-
Личните карти со „Република Македонија“ ќе важат до датумот на истекување
-
ЕУ и исплати три милијарди евра на Украина
-
Ајдари за поднесените интерпелации: Владата не успеа да го одржи мирот и да обезбеди меѓуетнички соживот