ОН: Јужносуданската војска егзекутирала и малтретирала цивили
Безбедносните сили во Јужен Судан минатиот месец егзекутирале цивили и малтретирале група жени и девојчиња за време на жестоките борби во главниот град Џуба, изјави високиот комесар на ОН за човекови права, Зеид Раад ал Хусеин.
Тој побара од Владата на јужносуданскиот претседател Салва Киир виновниците да одговараат за своите злодела и ги повика големите светски сили да преземат итни мерки за прекин на насилството во најмладата држава на светот.
- Некои цивили се убиени при престрелки меѓу завојуваните страни, но за други се тврди дека биле безмилосно егзекутирани од безбедносните сили, чија главна цел веројатно се луѓето од етничката група Нуер, се наведува во соопштението на ОН.
- Регистрирани се 217 случаи на сексуално насилство во Џуба во периодот меѓу 8 и 25 јули, за време на борбите. Досега ОН документирала речиси 73 случаи на цивили, кои се убиени од безбедносните сили, но нивниот број можно е да е поголем, истакна Ал Хусеин.
Ново на Сител
-
ИК на ВМРО-ДПМНЕ вечерва дискутира за предлог-кандидатите за градоначалници за локалните избори
-
Мицкоски: Македонија во силно сојузништво со Обединетото Кралство, промените се случуваат
-
Платини го брани Мбапе: Не го терајте да игра како Меси
-
Започнува продажбата на билети за Македонија - Белгија
-
Јунајтед исвиркан во Куала Лумпур, Аморим вели тоа може да биде корисно
-
Николоски по ратификацијата на договорот: Ќе ја направиме Македонија подобро место за живеење
-
Трамп вели дека го предупредил Нетанјаху да не го напаѓа Иран
-
Малолетник приведен за пет тешки кражби