Јужнокорејското разузнавање ја потврди информацијата за заробен ранет севернокорејски војник од страна на Украина
Јужнокорејската разузнавачка агенција денеска потврди дека Украина заробила ранет севернокорејски војник, откако се појавија информации дека украинска специјална единица го заробила војникот, пренесе агенцијата Јонхап.
„Преку размена на информации во реално време со разузнавачка организација на пријателска држава, потврдивме заробување на ранет севернокорејски војник и планираме темелно да го следиме развојот на настаните“, се наведува во кусото соопштение на Националната разузнавачка служба на Јужна Кореја.
Потврдата уследи откако украинската армиска новинска служба „Милитарни“ синоќа соопшти дека украинските сили го заробиле војникот за време на операции во руската Курска област, без да се наведе точниот датум на настанот.
Фотографија на наводниот севернокорејски војник, кој изгледа ранет, беше објавена на „Телеграм“. Засега нема повеќе детали за неговата состојба, додава „Јонхап“.
Ново на Сител
-
Од утре стабилно време со позитивни дневни температури
-
Пешак тешко повреден во сообраќајка во близина на трговската зона во Струга
-
Приведен криминалец баран со потерница
-
Продолжува протестот организиран од УПОЗ, 988 вработени немаат земено декемвриска плата
-
Украина собори 34 од 55 руски беспилотни летала
-
Бугарија доби нова редовна политичка Влада, предводена од Росен Жељазков
-
Македонец со 1,13 промили направил сообраќајка во Вараждин, удрил во 59 годишен Унгарец
-
Биле надвор од државата а земале плата од општината, директор на комунално во Гази Баба обвинет за проневера